Познатиот грчки спортски коментатор, Димостенис Кармирис доби отказ од националната телевизија „ЕРТ“ откако за време на пренос на еден пингпонгарски натпревар се чудеше како корејски натпреварувач гледа низ „тесните очи“.
Кармирис го коментирал мечот на грчкиот натпреварувач Панајотис Гионис со Јужнокореецот Џеунг Јанг-Сик, кога се чудеше како корејскиот натпреварувач го гледа топчето бидејќи има „тесни очи“. И покрај ова, Џеунг го совлада Гионис со 4:3.
„Соработката на ‘ЕРТ’ и Димостенис Кармирис е прекината веднаш по утринската емисија. На расистички изјави не им е место на јавната телевизија“, се вели во соопштението на „ЕРТ“.