Ватерполо репрезентацијата на Грција оствари историски успех со пласманот во финалето на Олимпискиот турнир во Токио. Грците во полу-финалето ја совладаа Унгарија со 9:6 (2:1, 2:2, 2:2, 4:2).
Одбраната предводена од голманот Емануел Зедревас беа клучни за триумфот на грција. Од почетокот го наметнаа својот ритам, мечот го отворија со 2:0 и предноста од гол или два Грците ја одржуваа до последниот период.
Унгарците успеаја да израмнат на 5:5 и 6:6, не искористија два напади за да го преземат водството, по што следуваше серија од три гола на грците со кои го заклучија мечот.
Стилијанос Агриропулос со четири гола го предводеше својот тим до победата.
Грција во финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Шпанија и Србија.