Јаник Синер ја освои титулата на Австралија опен. До првата грен слем титула во кариерата, Синер дојде со спектакуларен пресврт во дуелот со Данил Медведев 3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3. Синер во неделата стана првиот Италијанец со титула во Мелбурн.
Три часа и 40 минути траеше финалето на Австралија опен, на крајот победи тенисерот кој ги загуби првите два сета. Медведев слично како во финалето во 2022 година, против Рафаел Надал, успеа да испушти предност од два сета.
Одигра Медведев на врвно ниво во првите два сета, во кои Синер немаше никакви шанси да нарави нешто повеќе.
Од третиот сет Италијанецот одигра на се или ништо. Максимално ризикуваше, му проработе првиот сервис, а Медведев стана премногу пасивен. Прашање е дали 27-годишникот од Носква го стигна уморот. Медведев на турнирот играше шест часа повеќе од Синер.
На крајот по еден брејк во третиот, четвртиот и петтиот сет му беа доволни на Синер за најголемиот успех во кариерата.
Синер стана најмладиот победник во историјата на Австралија опен. Воедно ова е прва грен слем за Италија од 1976 година кога Адријано Паната победи на Ролан Гарос.