Top Sport

Гренд слем шампионот најави крај на кариерата

Победникот на Ју-ес опен во 2020 година, Доминик Тим сериозно размислува да ја заврши кариерата.

Некогаш треторангираниот тенисер во светот, се здоби со две тешки повреди во 2021 година, прво на коленото, а потоа на зглобот на десната рака. После тоа му се врати на тенисот, но никогаш повеќе не беше оној „стариот“.

„Поминаа две години откако се вратив од повредите. Ми се чини дека завршив на 100. место во 2022 година, а на 98. во 2023. Ако нема напредок оваа година, морам да размислам дали сето ова има смисла“, изјави 30-годишниот Тим.

Во меѓувреме го отпушти тренерот и работи со својот татко Волфганг, а веќе најави дека ќе ги пропушти двата Мастерс турнири во САД, Индијан Велс и Мајами, за да игра со челенџери на земјена подлога.

Покрај титулата во Њујорк, Тум во кариерата одигра уште три грен слем финалиња во кои загуби од Ѓоковиќ на Австралија опен во 2020 година и Надал на Ролан Гарос во 2018 и 2019 година. Во кариерата освои вкупно 17 титули.

Scroll to Top