Top Sport

Греневеген е велосипедски „кретен“ – и тоа не му е првпат! (видео)

Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) го критикуваше холандскиот велосипедист Дилан Греневеген за неговата улога во хорор-судирот на првата етапа на Трката околу Полска во средата по која неговиот сонародник Фабио Јакобсен е во кома и се бори за неговиот живот.

Јакобсен „излета“ во бариерите во финишот на етапата откако се бореше со Греневеген за победата, а и други велосипедисти беа жртва на овој потег. Греневеген победи, но беше дисквалификуван, и УЦИ невообичаено најде директна вина кај него.

„УЦИ силно го осудува опасното однесување на Дилан Греневеген (Џамбо-Висма) откако го прати Фабио Јакобсен (Десеунинк-Квикстеп) во бариерите на неколку метри пред финишот. Греневеген беше дисквалификуван и ова однесување е неприфатливо и сега дисциплинската комисија ќе одлучува за казната поради сериозноста на прекршокот“, велат од УЦИ.

Сепак, ова не е првпат Греневеген да предизвикува вакви несреќни случки. Во 2016 година на Еурометропол тур трката во Белгија, тој на сличен начин го блокираше Белгиецот Оливер Насен, кој мораше да успори за да не заврши во рекламите.

Две години подоцна на Тур де Франс, многу велосипедисти беа критични настроени кон Греневеген, откако тој триумфураше на седмата етапа со туркање.

Тешка несреќа на трка во Полска, велосипедист е во кома

Scroll to Top