Top Sport

Гут-Бехрами го освои Глобусот во супер-велеслалом

Швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами победи на последниот супер-велеслалом сезонава.

Таа на тој начин го освои малиот Кристален глобус во оваа дисциплина на финалето на Светскиот куп во алпско скијање во Солде.

Олимписката шампионка славеше со време од 1:26.70 минути. Таа беше 22 стотинки побрза од Италијанката Федерика Брињоне, а 47 стотинки од Норвежанката Рагнхилд Мовинкел.

Пред трката, пет скијачики беа во конкуренција за малиот Кристален глобус во супер-велеслалом, бидејќи имаше седум различни победнички на претходните седум трки.

На крајот го освои Гут Бехрами, четврти пат во кариерата, по 2014, 2016 и 2021 година.
Американската скијачка Микаела Шифрин, која претходно го освои големиот Кристален глобус, трката ја заврши на 14. место.

Во конечниот пласман во оваа дисциплина позади Гут Бехрами завршија Брињоне и Мовинкел.

Scroll to Top