Top Sport

Гут-Бехрами со супер-победа во Санкт Антон

Швајцарката Лара Гут-Бехрами стигна до својата прва победа по речиси цела година, откако беше најбрза на супер-џи трката во австрискиот ски-центар Санкт Антон.

Гут-Бехрами, која стартуваше од петтата стартна позиција, имаше време од 1:17.82, за само 0.16 секунди пред Италијанката Марта Басино, додека последното место на подиумот отиде кај нејзината сонародничка, Корин Зутер со 0.20 секунди заостанување. Ова е 27. победа во кариерата на поранешната освојувачка на Светскиот куп.

Со победата во само втората супер-џи трка од Светскиот куп оваа сезона, Гут-Бехрами сега е лидер во генерален пласман со 145 поени, 5 пред Чехинката Естер Ледецка, која овојпат беше само шеста со 1.15 послабо време.

Во вкупен пласман во Светскиот куп, Словачката Петра Влхова останува лидер со 653 поени, пред Швајцарката Мишел Гисин (530), а на третото место сега е Басино со 423 поени. Гут е петта со 390 поени.

Scroll to Top