Top Sport

Гвинеја го откажа учеството на ОИ во Токио

Спортистите од Гвинеја нема да учествуваат на Олимписките игри во Токио. Поради коронавирусот, претходно учеството на ОИ го откажаа спортистите од Северна Кореја.

Пет спортисти требапе да ја претставуваат Гвинеја во Токио. Меѓутоа министерот за спорт рекол дека „поради повторното оживување на вирусот ковид-19“, Гвинеја нема да биде на Олимписките игри.

Други извори тврдат дека коронавирусот е само изговор за Гвинеја да не ги испрати спортистите во Токио. Според нив, министерството нема пари да го плати патот и престојот на спортистите во Токио.

Од 1976 година во Монтреал, Гвинеја учествувала на сите Олимписки игри.

Scroll to Top