Top Sport

Хабиб го „пецна“ Мекгрегор за „лажната борба“ со Мејведер

Иако вообичаено е воздржан, поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов овојпат влезе во напад на својот стар ривал Конор Мекгрегор за неговата „лажна“ борба со Флојд Мејведер.

33-годишниот Нурмагомедов го совлада Мекгрегор на УФЦ 229 во 2018 година по месеци препукување меѓу двајцата фајтер ии нивните кампови, по што Русинот „збесна“ и отиде да се тепа со членовите на Мекгрегор.

„Се подготвував за војна. Влегов во кафезот и беше лесо. Си кажав: ‘Зошто дојдов тука, зошто тренирав толку напорно?’. За да се предаде? Бев лут и се сеќавам дека некој од неговиот агол кажа нешто и полудев. Не сум горд на тоа што се случи и сега не би го повторил. Римеч? Зошто би имало римеч, кога се предаде по четири рунди?“, вели Хабиб.

Во 2017 пак, Мекгрегор влезе во боксерскиот ринг кога беше нокаутиран од Флојд Мејведер во 10. рунда во богат меч во Лас Вегас. За Нурмагомедов ова е лажен меч.

„Беше историски меч бидејќи имаше ММА шампион против боксерски шампион, но малкумина се сеќаваат што се случи во рингот. Како спаринг, а не вистински меч, бидејќи тој човек не е боксер. Лажен меч. Тоа е мое мислење, можеби не сум во право“, додава Дагестанецот.

Scroll to Top