Таткото на Хабиб Нурмагомедов еден од најпопуларните борци во УФЦ, шампион во лесна категорија, повторил дека неговиот син до крајот на кариерата ќе има уште најмногу три борби.
Нурмагомедов нема пораз во кариерата, победил во 28 борби, а нова одбрана на титулата ќе има на 18 април против Тони Фергусон.
По овој меч тој во октагонот ќе влезе уште еднаш најмногу два пати.
„Сметам дека вистинско време ќе биде во наредните година и пол или две Хабиб да ја заврши кариерата. Максимум ќе има уште три борби. Две борби ќе има, не сум сигурен за третата“, изјавил за руските медиуми Абдулманап Нурмагомедов.
УФЦ и челникот на оваа организација Дејна Вајт не кријат дека посакуваат уште еден меч помеѓу Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.
Самиот Нурмагомедов пред некој ден изјави дека нема логика, дури и за 100 милиони долари повторно да се бори со Мекгрегор.
Минатата недлеа тој доби понуда од Саудиска Арабија за две борби, против Мекгрегор и Флојд Мејвејдер, од кои би заработил 200 милиони долари.
Хабиб: 100 милиони долари да го истепам тој идиот пак? Тоа нема смисла! (видео)