Top Sport

Хабиб најавува спектакл: Лето, Москва, „Лужники“!

Рускиот УФЦ крал во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов повторно ги почна шпекулациите за можен боксерски меч со американската легенда Флојд Мејведер Јуниор и тоа на најголемиот московски стадион „Лужники“ со над 80.000 седишта.

Стадионот на кој се одигра финалето на Светското првенство во фудбал во Русија, повторно може да биде голема арена, овојпат боксерска помеѓу непоразениот УФЦ шампион Нурмагомедов и непоразениот боксерски великан Мејведер Јуниор.

„Боксерската федерација на Русија ми даде предлог. Лето, ’Лужники’ и така натаму. Што мислите вие другари? Треба ли да го преземам овој предизвик?“, напиша Нурмагомедов на Инстаграм на фотографијата со шефот на руската боксерска федерација, Умар Кремљев.

Ова е втор состанок на Нурмагомедов со Кремљев, откако во октомври Хабиб вети дека ќе собере на 100.000 фанови за да го сруши рекордот против Мејведер.

Scroll to Top