Top Sport

Хабиб не го чекаше Мекгрегор, ја напуши прес конференцијата

Хабиб Нурмагомедов, в сабота во Лас Вегас, ќе ја брани УФЦ титулата во лесна категорија, против Конор Мекгрегор. Во пресрет на борбата двајцата борци требаа да одржат заедничка прес конференција, меѓутоа бидејќи Ирецот доцнеше, Хабиб 15 минути одговараше на новинарски прашања, а потоа се заминал.

Нурмагомедов рекол дека воопшт не го интересира Мекгрегор и порачал дека сигурно ќе победи.

„Не размислуван за Мекгрегор. Јас дојдов на време, зошто да го чекам? Не сакам никого да чекам 30 минути. Ова е повеќе од одбрана на титулата, повеќе од главниот настан на вечерта, ова е лично. Ова меч на векот“, рекол Хабиб и дополнил.

„Тој може да говори што сака. Кога еден алкохоличар зборуа, ние воопшто не му обрнуваме внимание. Ќе видиме кој ќе го има главниот збор во рингот“.

Нурмагомедов потоа рекол дека неговиот противник покажал непочитување, што не пристигнал на време на прес конференцијата, а не пропуштил да го „нападне“ и првиот човек на УФЦ, Ден Вајт.

„Ова е непочитување. Не е во ред кога Ден прашува каде се појасите на Конор? Ден знае каде се. Тие се кај Макс Холовеј и Хабиб Нурмагомедов“, порачал Хабиб.

Откако Хабиб заминал, со доцнење од 26 минути, од закажаниот термин, пред новинарите се појавил и Ирецот, Мекгрегор. Со шише виски, што го произведува, Мекгрегор го нарекол својот противник „будала“.

„Не знам каде е таа будала. И подобро е што избега, се обложувам дека кажал многу глупости бидејќи минатиот пат не кажа ништо. Ова не беше планирано, сакав да стигнам на време, сообраќајот ни направи проблем. А и не е некој проблем, доцнам само неколку минути. Очигледно е дека тој не сака да е блиску до мене. Помеѓу нас двајца никогаш нема да има мир“, рекол Мекгрегор.

Борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор во Лас Вегас ќе се одржи ноќта помеѓу сабота и недела по македонско време.

Scroll to Top