УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, еден од најпопуларните муслимани-спортисти на светот, признава дека не верува дека „Севишниот“ ќе гледа со одобрување на неговото насилство во октагонот.
31-годишниот Нурмагомедов во понеделникот на социјалните мрежи прати религиозна порака со своите милиони следбеници.
„Единствено што никогаш нема да го достигнеш е задоволството на луѓето. Затоа приоритет во секоја активност треба да биде задоволството на Севишниот“, напиша Нурмагомедов на Инстаграм на руски јазик.
Еден од неговите фанови го праша: „Дали мисиш дека Севишниот е задоволен со тебе? Учествувајќи во харам борби за пари?“.
„Не верувам дека е така“, одговори кратко Нурмагомедов, нагласувајќи ја личната битка да ја помири професионалната кариера со својата религија.