Top Sport

Хабиб откри кој борец удира „како камион“

Поранешниот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов, во „подкастот“ на Мајк Тајсон, открил некои интересни детали од кариерата, која ја заврши пред една година. Нурмагомедов замина во пензија без пораз, како шампион во лесна категорија, со 29 победи во исто толку борби.

Нурмагомедов на Тајсон, кој борец му ги задал најсилните удари.

„Џастин Гајџи удира како камион. Претходно никој не ме удрил толку силно. Нековите „кикови“, ударите со раце…Лево кроше, десно кроше, аперкат со десна. Сакав да ме удри, бидејќи на тој начин можев да го однесам во „длабоките води“. Сакав да го изморам со нозете, за да можам да го легнам на подот, а потоа да го натерам да се предаде“, рекол Дагестанецот.

Нурмагомедов, го победи Гејџи со „сабмишн“ во втората рунда, во октомври 2020 година. Оваа борба беше последна во неговата кариера.

Scroll to Top