Top Sport

Бразилски фудбалер починал во сон

Бразилецот Риулер Де Оливеира (23), играч на јапонскиот клуб, Шонан Белмар, починал во сон од срецев удар.

„Риулер почина на 23-годишна возраст. Ги чекаме резултатите од обдукцијата, ќе ве известиме детално кога ќе ги добиеме резултатите. Сега се молиме за неговата душа“, објавија од клубот.

Риулер, во татковината играл за Интернасионал и Атлетико Паранаенсе. Седум пати настапил за бразилската репрезентација за играчи до 17 години. Во Јапонија пред Шонан играл за Мијазаки и Осака.

Scroll to Top