Поранешниот УФЦ шампион, Хабиб Нурмагомедов се заблагодари на Господ за тоа што имаше среќа што имаше ментор како неговиот починат татко, и сподели фотографија од неговиот аџилак во Мека, велејќи дека тоа е неговиот одмор.
Дагестанецот, кој има 29-0 скор во УФЦ, ја посети Мека, родното место на Мухамед, комплетирајќи го аџилакот како милиони муслимани низ целиот свет, облечен во бела облека како симбол на еднаквост меѓу луѓето.
Претходно, Хабиб сподели коментар за неговиот татко и тренер, Абдулманап, кој почина од компликации со КОВИД-19 минатата година.
„Татковиот прв пулен, првиот самбо шампион, Магомед Магомедов. Го гледав Магомед и таткото, кои излегуваа на сцената и не се плашеа од ривалите и си помислував, можно е ли да се стигне до ова ниво? Како го прават тоа? Како победуваат, нели се нервозни или чувствуваат болка или страв? Имав 15 години и не разбирав многу работи, но тогаш татко ми кажа нешто на што уште се сеќавам: ‘Ако навистина го сакаш ова и подготвен си да одиш до крај, ќе успееш’. Нема ништо компликувано – тренираш, спиеш, читаш, јадеш и не дозволуваш да ти пречат работи. Тој сакаше да каже: ‘Не ми докажувај ништо, не ми кажувај што мислиш, туку само прави така како што ќе ти кажам’. Благодарност на Господа, имав татко кој секогаш ме водеше. Имав многу среќа“, пишува Хабиб.