По убедливата победа на УФЦ 229 над Конор Мекгрегор, но и хаосот кој се случи по мечот, руската ММА ѕвезда неколку пати се извини на прес-конференцијата за проблемите кои ги предизвика.
Борачот од Дагестан по мечот го нападна Дилон Данис, член на тимот на Мекгрегор, додека Ирецот беше нападнат од двајца придружници на Хабиб. УФЦ најверојатно ќе го казни Нурмагомедов, но рускиот претседател Владимир Путин немал проблем со случките, тврди Хабиб.
„Мекгрегор се фотографираше со Путин, но Путин само што ми се јави и е горд на мојот успех. Ми честиташе“, вели Нурмагомедов, кој сега има 27 победи без пораз.
Тој вели дека причината за нападот бил поради религиозните и националните навреди.
„Сакам да се извинам на сите. Ова не е мојата најдобра страна. Но, тој зборуваше за мојата религија, за мојата земја, за мојот татко. Дојде во Бруклин, ми го скрши автобусот и за малку ќе убиеше двајца. И сега јас сум лошиот што скокнав преку кафезот? Ви кажав и претходно – тој се откажува. Денеска се откажа. Непоразен и непобедлив. Ова е спорт за респект. Нема простор да се зборува за религии и нации“, се објаснуваше Нурмагомедов.
Нурмагомедов го „задави“ Мекгрегор, па предизвика нереди во Лас Вегас! (видео)