Top Sport

Хабиб се подготвува за меч со Мејведер во Москва

УФЦ ѕвездата, Хабиб Нурмагомедов вели дека сака да влезе во рингот со Флојд Мејведер Јуниор во руската престолнина Москва, во меч, кој според него ќе ги сруши сите рекорди на гледаност.

Мејведер му порача на 30-годишниот Русин да „дојде во неговиот свет“, откако прво Нурмагомедов во видео го предизвика боксерскиот шампион на дуел, откако претходно истото го направи (и загуби) Конор Мекгрегор.

Нурмагомедов сега се сретна со Умар Кремљев, генералниот секретар на Руската боксерска федерација во обид да го организира мечот со Мекгрегор.

„Тие се сигурни дека ќе соберат најмалку 100.000 гледачи. Сакаме меч во Москва на легендарната ’Лужники арена’ кој би го срушил светскиот рекорд за платени пеј-пер-вју“, вели Нурмагомедов.

Мејведер, кој има 50-0 скор и е непоразен во рингот, го совлада Мекгрегор во 10. рунда од нивниот боксерски меч во Лас Вегас во август 2017, во меч кој донесе 500 милиони долари, од кои над 250 милиони отидоа кај 41-годишниот Американец. Нурмагомедов, кој има 27-0 скор во УФЦ октагонот, стана вистински феномен по популарноста, која сега може убаво да се наплати.

 

View this post on Instagram

 

Сегодня состоялась встреча с генеральным секретарём Федерации бокса России @umar_kremlev Обсудили бой с Мэйвезером. Хотим, чтобы бой прошёл в Москве на легендарной арене Лужники.Уверены,что соберём 100 тыс зрителей,а также установим мировой рекорд по продаже платных трансляций. А,самое важное,в углу будет мой Отец, в Москву виза ведь не нужна. А так вопрос к моим болельщикам: вы в меня верите? Или тоже считаете, что он меня вырубит по боксу?? #толькоВперёд #победатолькоотВсевышнего

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Мејведер ќе ги „тепа“ сите – прво Пакјао, па Хабиб, па повторно  Мекгрегор!

Scroll to Top