И покрај шпекулациите дека „избегал“, Хабиб Нурмагомедов уште е во Русија и покрај тоа што земјата утре целосно ќе ги затвори границите, поставувајќи уште еден проблем за пресметката со Тони Фергусон на УФЦ 249.
Шпекулациите во Русија велеа дека Хабиб по враќањето од САД минатата недела и покрај тоа што беше во изолација поради корона вирусот, заминал во Дубаи за да се подготвува за мечот кој беше одложуван веќе пет пати.
Сепак, таткото и тренер на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов за „РТ спорт“ изјави дека во неделата неговиот син останува во татковината и покрај закажаниот меч на 17 април, за кој шефот на УФЦ, Дејна Вајт продолжува да тврди дека ќе се оддржи.
Пријателот на Хабиб и член на неговиот ММА тим, Шамил Завуров, пак даде уште една потврда на ова, покажувајќи ја УФЦ ѕвездата на стрелиште со калашников во раката. Во видеото кое е поставено на Инстаграмот на Завуров, двојката стрела со автоматско оружје во шишиња.