Top Sport

Хабиб си прави колекција – по дресот на Мбапе, доби и од Халанд

Сензационалниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се приклучи на подолгата листа на фудбалски ѕвезди кои му се восхитуваат на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов по Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе, откако му прати дрес со автограм на Дагестанецот.

Откако беше на „Ноу Камп“ да гледа како Мбапе ги „растура“ Барселона со Пари Сен-Жермен и се пофали со дресот, сега Нурмагомедов имаи нов дрес за колекцијата.

„Ти благодарам многу, ѕверу“, напиша Нурмагомедов на Инстаграм, по што Халанд му одговори: „Нема проблем, шампиону“.

Scroll to Top