Хабиб Нурмагомедов најави дека по мечот со Џастин Гетџи во октомври, главната цел ќе му биде да влезе во кафезот со легендарниот поранешен УФЦ шампион во велтер категорија, Жорж Сен-Пјер.
Зборувајќи на стартот на неговата нова ММА промотерска куќа, Хабиб вели дека не само што би влегол во октагонот со Сен-Пјер, туку дека и УФЦ се согласни да преговараат за овој мега-меч.
„Ако Сен-Пјер се врати во УФЦ и се согласи да се бори со мене, тогаш тоа е следниот меч. Зошто? Тој последен пат загуби во 2007, а мојата кариера почна во 2008. Двајцата сме непоразени заедно веќе 25 годин. Мислам дека УФЦ нема да добие шанса за таков супер-меч. Затоа, следен е Жорж Сен-Пјер. Ако не, тогаш Конор нека го победи Поаире и ќе влезам во ринг со нив“, вели Хабиб.