Хабиб Нурмагомедов го предупреди Конор Мекгрегор, порачувајќи му дека „кралот никогаш не заминал“, како дел од подготовките за одбраната на УФЦ титулата против Тони Фергусон во април.

31-годишниот Хабиб постојано тврдеше дека Мекгрегор нема лесно да добие ри-меч со него, но претседателот на УФЦ, Дејна Вајт изјави дека таков меч, кој би донел огромна заработувачка за сите, мора да се случи откако Мекгрегор се врати со импресивен нокаут во првата рунда против Доналд Серон во саботата.

„Кралот никогаш не си заминал, тој не оди никаде. Кажете им дека доаѓам“, напиша Хабиб на Инстаграм со видео од тренинг.

Нурмагомедов последен пат беше во октгонот во септември 2019, кога го победи Дастин Поаире, и има совршен 28-0 скор.

 

View this post on Instagram

 

King has never left, he’s not going anywhere. – Tell them i’m coming 👊💦 #Alhamdulillah #ufc249 #andstill #lightweight #champion

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on