Top Sport

Ферари имаат „сериозен“ аеро-проблем со новиот болид!

Ако се верува на италијанските извори, Ферари има сериозен проблем со дизајнот на новиот болид за 2020, ставајќи ја Скудерија во незгодна ситуација пред стартот на зимското тестирање.

Минатата недела, новинарот Лео Турини тврдеше дека податоците кои се добиени од болидот од симулаторот и од воздушниот тунел „воопшто не ги импресионирале инженерите“, а сега германскиот „Ауто билд“ тврди дека податоците од воздушниот тунел се „многу полоши од очекувањата“.

Според изворите од Ферари, болидот има сериозна грешка во аеродинамиката, која досега не се открила ниту во воздушниот тунел, ниту на симулаторот, а главна причина за ова е остриот агол на дното на болидот, кој предизвикува проблеми со предното крило.

Дополнителен проблем за Ферари ќе биде и најавата дека ФИА решила да ги „затвори дупките“ во правилата за моторите кои Скудерија вешто ги искористи минатата сезона да го има најбрзиот болид во поголемиот дел од сезоната.

Ако сè ова е точно, тифозите ги очекува уште една разочарувачка година.

Scroll to Top