Хабиб Нурмагомедов се потсети на својот татко, тренер и ментор, Адбулманап Нурмагомедов, кој почина пред една година по последиците од КОВИД-19.
Постариот Нурмагомедов, кој беше клучен човек во развојот на повеќе дагестански ММА фајтери, беше најзаслужниот човек во кариерата на Хабиб, кој ја заври кариерата со 29-0 скор и како вистинска легенда на спортот.
Хабиб се повлече во октомври минатата година, велејќи дека ветил на неговата мајка дека мечот со Дастин Гетџи беше последниот во кариерата, и сега во саботата, на едногодишнината од смртта на Абдулманап се јави со интересна порака на Инстаграм.
„Помина една година од заминувањето на татко. Тоа ја зголеми мојата верба дека во овој свет не поседуваме ништо, ниту нашите деца, ниту нашите родители. Сите работи се привремени. Сите работи се кај Алах и кај него ќе се вратиме. Ќе дојде време кога сите ќе бидеме поставени во гроб, каде што ќе бидеме сами, без никого, само нашите дела и работи кои сме ги направиле“, напиша Хабиб.