Top Sport

Хабиб во Сан Франциско: Да си УФЦ фајтер е како да си во затвор

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов очигледно ужива во слободата како „пензиониран“ фајтер, споредувајќи ја работата како УФЦ фајтер со престој во затвор. На туристичка посета на Сан Франциско, тој сподели интересна приказна со своите 27 милиони следбеници на Инстаграм.

„Од 2012 година сонувам да дојдам во овој град (СФ) без да се подготвувам за меч и без да сум на некоја диета, само да прошетам и да уживам во добрата храна. Сериозно, да си фајтер е како да си во затвор. Фала Богу, многу е добро да не си активен спортист“, напиша Хабиб.

Ова е уште една порака со која Хабиб сака да покаже дека не е подготвен да ги прифати понудите за камбек во УФЦ кафезот и покрај обидите на шефот на федерацијата, Дејна Вајт.

Scroll to Top