Top Sport

Хачанов беше „ограбен“ во Антверпен, па лудуваше во Антверпен

Рускиот тенисер Карен Хачанов загуби со 6:3/6:7(7)/6:4 од Ден Еванс во четврт-финалето на Антверпен опен во Белгија, откако ги загуби нервите по губењето на вториот сет, кога пропушти меч-топка и сметаше дека е оштетен од страна на судијата на турнирот каде што не се користи електронскиот систем за аути.

Хачанов ја шутна мрежата по загубениот поен, и влезе во расправија со судијата на столче, порачувајќи му дека по мечот ќе седнат заедно да ја видат снимката. Откако тој се обиде да го смири (и го казни за неспортско однесување), тој му порача „да не му зборува повеќе“.

Топката дефинитивно не беше во аут, и лутината на Русинот кон судијата Адел Нур е сосема оправдана, иако однесувањето не му доликуваше. Организаторите на Европскиот опен во Антверпен, пак, би можеле малку да инвестираат и да инсталираат „хок-ај“ на турнирот за да нема вакви ситуации.

Scroll to Top