Top Sport

Халеп „излета“ од квалификантка, Коњух се посрамоти со 0:6/0:6 пораз

Украинката Дарја Снигур го направи најголемото изненадување на првиот ден на САД опен, откако со 6:2/0:6/6:4 ја совлада седморангираната Симона Халеп, откако претходно во својата кариера 20-годишната квалификантка имаше само два ВТА меча.

Како 124. на ВТА листата, Снигур стана најнискорангираната тенисерка која ја совладала Халеп во последните пет години, а Романката ја продолжи лошата серија во Њујорк, каде што од 2017 година има три порази во првото коло. Двократната гренд слем шампионка имаше 19 победи во последните 22 меча пред САД опен.

Бразилката Беатрис Хадад Маја, пак, ја имаше најубедливата победа во првото коло, декласирајќи ја Хрватката Ана Коњух со 6:0/6:0.

Scroll to Top