Top Sport

Халеп по суспензијата на Ига: Мене сакаа да ме уништат

Откако во четвртокот тенискиот свет го потресе скандалот со допинг и суспензијата на Ига Швјонтек, ден подоцна се огласи Симона Халеп, која повторно упати критики кон Единицата за интегрит во тенисот (ИТИА).

Симона Халеп беше суспендирана поради позитивен тест на роксадустат. Скоро две години се бореше да докаже дека недозволената супстанца ја внела во телото преку контаминирана храна храна. На крајот успеа да ја докаже својата невиност, но претходно изречената суспензија и ја уништи кариерата.

Првично, Романката доби четири годишна суспензија, која откако и беше усвоена жалбата беше намалена на два години.

„Седам и се обидувам да разберам, но многу ми е тешко да разберам вакво нешто.

Застанувам и се прашувам – зошто има толку голема разлика во третманот и расудувањето?

И не можам да разберам дека може да има логична причина.

Може да се само лошите намери на ИТИА, организација која направи апсолутно се за да ме уништи, и покрај сите докази.

Секогаш верував во добро, во фер третман, верував во добра волја.

Беше болно и сè уште е болно и можеби неправдата што ми беше направена ќе биде болна засекогаш. Како да прифатам дека ВТА не сакаше да ми го врати пласманот што го заслужувам?

Во последните две години од мојата кариера имав премногу непроспиени ноќи, нервоза, неодговорени прашања… Но, ја добив правдата. Се испостави дека има контаминација.

И добив уште нешто – душата ми остана чиста. Се чувствувам разочарано, се чувствувам луто, се чувствувам фрустрирано.

Благодарен сум за поддршката и безусловната љубов што ја добивав секој ден. Ви благодарам!“

Scroll to Top