Top Sport

Халеп во финалето во Дубаи со расположената Рибакина

Првата носителка, Симона Халеп се пласираше во своето прво финале во 2020 година, доминирајќи над американската квалификантка Џенифер Брејди со 6:2/6:0 во полуфиналето на Дубаи шампионатот.

Халеп, која е шампионка од Дубаи од 2015 година, претходно ги доби двата дуели со Брејди, но двапати се намачи против Американката, но овојпат апсолутно доминираше – имаше 16 директни победнички топки и сам 8 неизнудени грешки во меч кој траеше само 62 минути.

Следна за Романката е Казахстанката Елена Рибакина, која стигна до неверојатното четврто финале оваа година со 7:6(5)/7:6(2) победа над Хрватката Петра Мартиќ. Рибакина победи во Хобарт минатиот месец и загуби во финалињата во Шенжен и Санкт Петерсбург и има 19 победи во 2020, најмногу од сите тенисерки, за да скокне на 19. место на ВТА листата.

„Се надевам дека ќе продолжам вака и во остатокот од годината“, вели 20-годишната Рибакина.

Scroll to Top