Првата носителка на Австралија опен, Симона Халеп, избори пласман во третата рунда. Романката, слично како и во првото коло мораше да вложи многу труд за да ја мине својата противничка, Американката Софија Кенин.
Халеп е далеку од вистинската форма, против Кенин ги имаше сите предуслови за да забележи лесна победа, но откако го доби првиот сет 6:3 и поведе со 3:0 и дозволи на Американката да се врати во мечот, а потоа во тај-брејкот да израмни на 1:1 во сетови.
Кенин, инаку 37. на ВТА листата, во третиот сет имаше брејк предност и водство 2:4, меѓутоа до крајот Романката успеа да добие четири гема и да го реши мечот.
Халеп во третото коло ќе игра против Венус Вилијамс. Искусната Американка, во три сета 6/3, 4/6, 6/0 ја победи Ализ Корне од Франција.
Од фаворитките второто коло го минаа Џорџи, Севастова, Ванг, Плишкова, Свитолина, Мертенс, Женг и Осака.