Викендов, во Бахреин, ќе започне новата сезона во Формула 1. Тестирањат во претсезоната покажаа дека годинава може да се води неизвесна борба за шампионската титула.
Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон, тврди дека Мерцедес повеќе не се најбрзи на патеката.
„Во моментов не сме најбрзи, пред нас се неколку тешки прашања. Како ќе работиме заедно? Како ќе се обединиме за да дојдеме на местото каде што сакаме да бидеме? Можам да ви кажам дека ме радува предизвикот, што повторно блиску до нас ќе се најдобрите тимови. Мислам дека тоа ќе биде одлично за навивачите“, рекол Британецот.
На тестирања, доминираа возачите на Ред Бул, додека Мерцедес имаа многу механички проблеми.
„Ќе видиме…Важно е како болидот изгледа кога треба да се собираат поените. Треба само вака да продолжиме, да бидеме мирни и фокусирани“, заклучил седумкратниот светски шампион.