Top Sport

Хамзат одби да гостува кај Тајсон: Не ми се допаѓа што стана со тој човек

Хамзат Чимаев вели дека одбил шанса да гостува на популарниот подкаст на Мајк Тајсон, бидејќи не му се допаѓа што се случило со поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија.

„Тајсон хотбоксин’“ стана хит онлајн и на славниот американски боксер досега му гостуваа меѓу другите и Хабиб Нурмагомедов, Оскар де ла Хоја и Кларес Шилдс, но шведскиот УФЦ фајтер со чеченско потекло вели дека одбил шанса да биде гостин, иако го почитува легендарниот боксер.

„Мајк Тајсон сакаше да зборува со мене, но не отидов, бидејќи немав голема желба. Како фајтер, како спортист, навистина ми се допаѓа. Но, не ми се допаѓаше што стана со него – насилството, апчињата, марихуаната, а потоа и тоа што стана муслиман. Чудно. Но, уште го почитувам, иако се скрши и направи лоши работи. Никој не знае што ќе се случи и со мене. Добра, нормална личност, но нешто ќе се случи и ќе завршиш во лудница. Не сакам да судам никого, но не сакав да одам кај него“, вели Чимаев, кој има четири победи во УФЦ октагонот.

Scroll to Top