Top Sport

Фатих Терим не патува за Рим, заглави во болница

Легендарниот тренер на Галатасарај, Фатих Терим може да го пропушти мечот од Лига Европа против Лацио на „Олимпико“, откако вчера бил однесен во болница со проблеми со стомакот.

Дуелот во Рим ќе биде одлучувачки за првото место во групата, и директен пласман во осминафиналето на Лига Европа, без да се очека опасен плејоф против еден од третопласираните тимови во Лигата на шампиони.

Терим страдал од стомачни проблеми три дена пред да биде примен во болница, а денеска останал во болница, и му биле дозволени само два часа да го следи тренингот на тимот. 68-годишниот поранешен турски селектор веќе беше во болница лани со КОВИД-19. Тој има искуство во италијанскиот фудбал, каде што беше тренер на Фиорентина во 2000/01 и накратко во Милан во 2001.

Scroll to Top