Top Sport

Хаос во ватерполо реперезентацијата на Србија – 11 играчи се откажаа од националниот тим

Продолжува хаосот во Ватерполо Сојузот на Србија. По изборот на Слободан Соро на функцијата претседател на Сојузот, оставка си поднесе селекторот Урош Стевановиќ, а денска 11 играчи, со оотоворено писно до јавноста, објавија дека повеќе нема да играат за националниот тим.

Разделбата дојде по изјавата на новиот претседател Соро, инаку кадар на владејачката СНС, кој рече дека селекторот на Србија не може истовремено да ја извршува функцијата тренер во клупскиот ватерполо.

Исто така, тој изјави дека „златните медали од Олимписките игри и Европското првенство, се повеќе моментална инспирација отколку доказ за голем квалитет, како што беше случајот претходно“.

Овој став предизвика сериозни реакции во српското ватерполо, а ситуацијата дополнително ескалираше откако се огласија репрезентативците, кои, според достапните информации, донесоа многу сериозна одлука во врска со новите настани.

Епилогот е следниов, 11 играчи кои ги бранеа боите на Србија на Европското првенство се повлекоа од репрезентацијата. Писмото не го потпишаа само ватерполистите од Нов Белград Милош Чук, Милан Глушац, Никола Лукиќ и Василије Мартиновиќ не го направија тоа, бидејќи клубот го раководи градоначалникот на Белград, исто така од СНС, инаку поранешен репрезентативец, Александар Шапиќ

„Новиот претседател на Сојузот, Слободан Соро, преку своите изјави постојано се обидуваше да ги дискредитира и омаловажи сите наши успеси во последните неколку години. Нашите златни медали воопшто не беа одраз на моментална инспирација, како што наведува Слободан Соро, туку години на големи жртви, тренинзи, заедништво и борба.

Исто така, сакаме да ја потсетиме јавноста дека неколку играчи од сегашниот тим на репрезентацијата веќе беа изложени на неспортски дејствија од страна на Слободан Соро и неговиот тим луѓе во ВК Нови Београд, од забрана за тренирање, исфрлање од клубот, забрани за настап во репрезентацијата итн.

Веруваме дека дури и тогаш сите тие дејствија беа направени со цел да се наштети на нашата репрезентација, на нашата заедница и да се спречи понатамошниот напредок на српското репрезентативно ватерполо. Нашата репрезентација, како најтрофејна репрезентација на Србија, заслужува претседател на Сојузот, достоен за сè за што се боревме сите овие години, некој што ќе ги брани нашите интереси, ќе се залага за нас, ќе го цени сè што е освоено и ќе охрабрува понатамошно освојување трофеи“, се велеи во дел од писмото кое го потпишаа 11 репрезентативци на актуелниот олимписки и европски шампион.

Foto/ Srdjan Stevanovic/Starsport.rs

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');