Рускиот ММА фајтер, Сергеј Харитонов, кој претходно го предизвика Мајк Тајсон на борба, сега вели дека 53-годишниот Тајсон е во фантастична форма по најавите за враќање во рингот само бидејќи зема стероиди.
Тајсон објави низа кратки видеа во која покажа дека го симнал вишокот килограми и дека ја вратил брзината, но Харитонов, кој се натпреварува во тешка категорија во Белатор федерацијата, вели дека таква градба на 53 години се постигнува само со хемија.
„Тој е на стероиди, но тоа е океј. Нема да има допинг-контрола. Сигурно земал тестостерон, или некои слични продукти, но не го обвинувам. Има 53 години, како на друг начин ќе се врати во топ-форма. Само на стероиди, нема друга опција“, вели 39-годишниот Харитонов за „Спорт експрес“.
Харитонов вели дека има иксуство со недозволените средства од времето кое го помина во руската армија.
„Дали земав додатоци? Да, додека бевме во војска, сите земавме некакви таблети. Потоа донесоа нандролон, кој беше одличен за да изгледаш силно. Но, сфатив дека тоа не е за мене, а покрај тоа е нелегално“, вели Харитонов.