Top Sport

Хашек бара од Чесите да не ги свиркаат руските НХЛ ѕвезди

Чешкат хокеарска легенда, Доминик Хашек ги замоли фановите во Прага да не ги свиркаат руските НХЛ играчи пред мечот од Глобалната серија помеѓу Сан Хозе шаркс и Нешвил предаторс.

Хашек, кој важи за еден од најдобрите голмани во историјта на спортот кој кариерата ја направи во американско-канадскат НХЛ, претходно бараше на руските хоекари да не им се дозволи влез во Чешка поради војната во Украина, но сега вели дека навивачите не треба да се свртат против хокеарите. Јаков Тренин игра за Нешвил, додека Александер Барабанов е првотимец на Шаркс.

„НХЛ не ја почитуваше одлуката на нашето министерство, така што ќе има руски хокеари на НХЛ мечевите. Тие хокеари не се виновни, нема потреба да ги свиркате. Цела одговорност за оваа реклама на руската војна е во лидерите на НХЛ лигата“, вели Хашек.

Претходно комесарот на НХЛ лигата, Гери Бетман изјави дека руските хокеари ја претствуваат НХЛ лигата и дека треба да бидат заштитени од политички обвинувања.

Scroll to Top