Сара Хектор победи на трката во велеслалом, кој се одржа во Куршевел. Ова е втора победа во кариерата на Хектор, првата ја забележа пред седум години.
Хектор ја изненади конкуренцијата, забележа најдобро време во првата трка (1:06.71 минути), а во втората забележа трет резултат што и беше доволно за вкупна победа. На крајот Шваѓанката победи со време 2:35.03 минути.
Второто место го освои, Микаела Шифрин, која победи на вчерашната трка, додека на третата позиција се пласираше Италијанката Марта Басино.
Во поредокот во оваа дисциплина води Шифрин со 280 поени. Со денешната победа Хектор се проби на второто место со 202 бода. Американката Шифрин е прва и во генералниот пласман со 750 бода, втора е Софија Гоџа со 635.