Швеѓанката Сара Хектор го освои златниот медал во велеслалом на Олимписките игри во Пекинг. Бранителката на златниот медал од Пјонгчанг, Микаела Шифрин, остана без пласман откако не ја заврши првата трка.
Швеѓанката Персон, доминираше во првата трка, која ја заврши на првото место, во втората го забележа осмото најбрзо време и со вкупен резултат 1:55.69 го освои златниот медал.
Персон за 28 стотинки ја победи Италијанката Федерика Брињоне која го освои сребрениот медал. Актуелната светска првенка во оваа дисциплина, Лара Гут Бехрами на крајот го освои бронзениот медал.
SARA HECTOR TAR OS-GULD I STORSLALOM!
Se ALLT från Olympiska Spelen på https://t.co/U8GJcAsMFu pic.twitter.com/mm9DeLt2xI
— discovery+ sport ?? (@dplus_sportSE) February 7, 2022