Фаворитот Алесандро Хемерле од Австрија, го освои златниот медал, во сноуборд крос, на Зимските олимписки игри. Во една од најдраматичните трки на ЗОИ во Пекинг, Хемерле го фото-финишот го победи Елиот Грондан.
Хемерле, актуелен светски вице-првак, го освои првиот олимписки медал во кариерата. За Австрија ова е четвртиот златен медал во Пекинг.
Бронзата му припадна на 32-годишниот Италијанец, Омар Визинтин.