Американскиот ММА борач, Кловис „Сиџеј“ Хенкок вели дека „умрел“ во арената откако неговото срце застанало, а бубрезите му откажале во текот на петочниот меч во Тексас.
Хенкок колабираше во првата рунда од Легаси фајтинг алајанс (ЛФА), американското натпреварување во Хјустон, и морал да биде враќан во живот од лекарите во рингот. Откако бил однесен во болница, му било дијагностицирано откажување на бубрезите и дехидрација, која тој вели е предизвикана од наглото намалување на телесната тежина.
„Умрев денеска во кафезот. Моето срце сопре, моите бубрези откажаа, и мораа двапати де ме ‘удрат’ со дефибрилаторот за да станам. Докторот вели дека нема да се борам повеќе. Скршен сум“, напиша Хенкок на својот Фејсбук профил.
32-годишмниот Хенкок вели дека бил на „строга диета“ за да може да учествува во борбата, намалувајќи ја тежината на 77 килограми. Тој колабирал откако добил удар со ногата во телото од противникот Чарли Онтиверос.