Top Sport

Хигинс го „смачка“ О’Саливен во Глазгов

Фаворитот за титулата Рони О’Саливен загуби со 5:0 од инспирираниот Џон Хигинс во четврт-финалето на Шкотскиот опен, ставајќи крај на блескавата серија.

Домашниот фаворит Хигинс беше во сензационална форма, со три „сенчури“ остварувања и барем 55 брејк во секој фрејм. Првиот фрејм го освои со низа од 55, по што следуваа три фрејма со 109, 117 и 105, период во кој О’Саливен освои само еден поен.

Англичанецот врати надеж дека може да направи кам-бек со 60-0 водство во петтиот фрејм, но Шкотланѓанецот врати со 72 за да ја комплетира победата и да обезбеди полуфинале со Нил Робертсон.

Робертсон претходно се намачи со Кинезот Ксиао Гуодонг пред да стигне до 5:4 победа. Ова е одличен кам-бек за Австралиецот, кој по лошата низа падна на 20. место на рејтинг-листата.

 

Scroll to Top