Австрискиот скијач Марсел Хиршер, кој сега се натпреварува под холандско знаме, би можел да ја заврши кариерата по повредата на коленото здобиена на тренинг во Рајтералм во понеделникот.
Осумкратниот победник на Светскиот куп оваа сезона се врати по петгодишна пауза, но реши да настапува за Холандија. Сепак од стартот работите не одеа според планираното.
„Вкрстените лигаменти ги нема, проектот е завршен“, изјави Хиршер по операцијата.
Најдобриот на сите времиња најверојатно ќе ја пропушти сезоната и Светското првенство, а исто така можно е да стави крај на кариерата.
„За жал повредите се дел од играта. Можеби конечно го завршив моето патување. Прв пат морам да се занимавам со оваа досадната тема за скинати лигаменти што толку многу скијачи мораа да ја искусат. Она што ќе остане е дека овие осум месеци беа интензивни и многу се забавував, би сакал да им се заблагодарам на сите што го овозможија ова неверојатно патување и ме придружуваа на него“, заклучи Хиршер.