Top Sport

Хиршер како дома на Сљеме (видео)

Марсел Хиршер стигна до четвртата победа на трката од Светскиот куп во Загреб, успевајќи да ја надополни разликата од првото возење и да го спречи Михаел Мат да го повтори успехот на неговиот постар брат Марио, кој победи на првата машка трка на Сљеме во 2008 година.

Хиршер заостануваше 0.21 секунди зад својот австриски сонародник Мат по првото возење на „Црвени спуст“, за на крајот да стигне до победата со само 0.05 секунди. Подиумот го комплетираше Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 11 стотинки послабо време.

Ова е петта победа за Хиршер оваа сезона и јубилејна 50. во кариерата за шесткратниот шампион од Светскиот куп. Со 100-те поени, Хиршер го зголеми водството во генерален пласман пред Кристоферсен – сега има 674 поени, пред Норвежанецот со 580, додека трет е специјалистот за брзински трки Кјетил Јаснруд со 480 поени.

Scroll to Top