Top Sport

Кузмина со триумф го зголеми водството (видео)

Двократната олимписка шампионка, Анастасија Кузмина триумфираше на 7.5 километарскиот спринт во Оберхоф, Германија за трета победа оваа сезона и за зголемување на водството во генерален пласман.

Русинката со словачки пасош, утна еднаш од стоечка позиција, но ја комплетираше трката со време од 22:23.7, за 35.4 секунди пред Финката Каиса Макараинен и 40.1 секунди пред Чехинката Вероника Виткова, кои исто така имаа по една утка.

По девет натпреварувања од 22 на календарот, Кузмина е лидер со 362 поени, 26 повеќе од Французинката Жастин Браиса (која беше петта) и 27 пред Макараинен.

Scroll to Top