Австриецот Марсел Хиршер со 66.победа во кариерата ја продолжи доминацијата во Светскиот куп, во алпско скијање.
Хиршер, во саботата, победи во велеслаломската трка која се одржа во Аделбоден. Австриецот го забележа четвртиот триумф во оваа дисциплина сезонава. Хиршер сега има 32 победи во велеслалом во кариерата.
По двете трки Хиршер забележа резултат кој за 71 стотинка беше подобра од оној на Норвежанецот Хенрик Крисотферсен. Третото и четвртото место им припадна на Французите Томас Фанара и Алекс Пинтаро, а Словенецот Жан Крањец заврши на петтата позиција.
Хиршер има убедлива предност во генералниот пласман во Светскиот куп. Тој е прв со 876 поени, втор е Кристоферсон со 511, а трет Пинтаро со 444 поени.