Top Sport

Хиршер нема конкуренција во слалом

Австриецот Марсел Хиршер победи на слаломската трка која во рамките на Светскиот куп се возеше во Залбах-Хинтерлем. Ова е деветта победа на Хиршер на последните десет трки во слалом, со што уште еднаш потврди дена му нема равен во оваа дисциплина. Единствениот пораз го доживеа во Кицбил, во јануари оваа година.

Седумкратниот освојувач на Светскиот куп, во Залбах, ја забележа петата победа оваа сезона, односно победи 63.пат во кариерата.

Хиршер во двете трки оствари вкупно време 1:54.98 минути. Второто место со послабо време од 38 стотинки му припадна на Швајцарецот Лиок Мејлар, а на третото место трката ја заврши Хенрик Кристоферсен од Норвешка.

Хиршер води во Светскиот куп со 620 бода, втор е Кристоферсен со 352. Светскиот куп во машка конкуренција ќе продолжи в Мадона ди Кампиљо.

Scroll to Top