Top Sport

Хиршер со шести триумф во низа во Алта Бадија (видео)

Марсел Хиршер повторно ја уништи конкуренцијата, откако стигна до својот шести триумф во низа на велеслаломот во италијанскиот ски-центар Алта Бадија, доминирајќи со предност од неверојатни 2.53 секунди.

Второто место го освои Французинот Томас Фанара, откако скокна од 12. место по првото возење за прв подиум од 2016 година, додека Алексис Пинтуро беше трет. Хиршер имаше предност од 0.94 секунди предност по првото возење пред Матс Олсон, кој заврши на шестото место.

Хиршер ќе има шанса да стигне нова победа на вечерниот паралелен велеслалом на истата Гран Риса патека во Алта Бадија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top