Top Sport

Хит е на САД опен, ќе игра полуфинале, а имала повратен билет уште по квалификациите

Хит на овогодинешното издание на грен слем тенискиот турнир САД опен е неверојатната 18-годишна тенисерка Ема Радукану кој пред турнирот беше 150-та на ВТА листата.

Британката стигна до полуфиналето во Њујорк, а играше квалификации за влез на грен слемот. Вечерва е нејзината борба за влез во финале, противник и е Марија Сакари од Грција.

Радукану нема загубено ниту еден сет во осумте меча на САД опен 2021. Таа на прес-конференцијата кажа дека не очекувала ниту премин во второто коло на турнирот.

„Навистина не мислев дека ќе сум овде, имав повратен билет веднаш по квалификациите. Сега имам слатки проблеми затоа што ќе морам да најдам нов лет“ рекла таа.

„До враќањето на грен слем турнирите не играв тенис цели 18 месеци и сега и себе си и на другите им докажав дека се е можно ако веруваш во себе. Пред мечот со Бенчич си реков дека можеби последен пат во кариерата ќе играм на стадионот `Arthur Ashe`, па затоа подобро е да уживам што повеќе можам. Не гледам многу во иднината, се фокусирам само за следниот меч“ вели Радукану.

На најновата ВТА листа во понеделник таа сигурно ќе напредува околу 100 позиции, а доколку сензационално го освои САД опен, може да дојде и меѓу 25-те најдобри светски тенисерки.

Scroll to Top