Руската хокеарска ѕвезда, Илја Ковалчук им порача на чистите спортисти од Русија да одат на Олимпијадата во Пјеонгчанг во февруари и покрај тоа што Русија нема да може да прати хокеарска репрезентација.
Хокеарскиот турнир секако ќе биде осиромашен од тимот, кој и без НХЛ ѕвездите (кои не учествуваат бидејки американско-канадската лига одби да соработува со Олимпијадите), ќе беше меѓу првите фаворити за титула.
Ова доаѓа откако Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) ја суспендираше Русија поради докази за „систематска манипулација“ на допинг-тестирањето.
34-годишниот Ковалчук, кој имаше блескава НХЛ кариера со тимовите на Атланта трешерс и Њу Џерси девилс, сега игра во СКА Санкт Петербург, тим со кој освои два Гагарин купа од Континенталната хокеарска лига (КХЛ).
„Сите сме свесни дека одлуката на ИОЦ беше чиста политика и сфаќаме дека ние сме целта. Но, ако спортистите се таму, тоа ќе ја обедини земјата. Сите ’чисти’ спортисти треба да одат“, вели Ковалчук.