Швајцарската скијачка „кралица“, Венди Холденер уште еднаш покажа дека е во одлична форма, откако по победата во Килингтон, триумфираше и на слаломот во италијанскиот ски-центар Сестриере, победувајќи ги двете фаворитки Микаела Шифрин и Петра Влхова со фантастично второ возење.
29-годишната Холденер беше рекордер по бројот на подиуми без победа (вкупно 44) пред, конечно, да ја прекине серијата во Килингтон и сега може да се пофали со две победи по ред. Шифрин го освои второто место со 0.47 секунди заостанување, додека Влхова заостана 0.7 секунди, а вистинска хероина на денот беше 19-годишната Швеѓанка Ана Свен Ларсен, која скокна 12 места од првото возење за четврто место и прв пласман во топ 5 во Светскиот куп